Во изминатото деноноќие потврдени се 14 нови случаи на Ковид -19, почина пациент од Тетово на возраст од 61 година, хоспитализиран на 28 априла во ГОБ „8 септември“.
На Институтот за јавно здравје денеска се регистрира 20 оздравени пациенти, по градови во: Скопје и Битола по еден, во Куманово девет, Прилеп двајца, Велес седум, информира Министерството за здравство.
Во изминатите 24 часа направени се 242 тестирања, а потврдени се 14 нови случаи на ковид-19 и тоа во: Скопје-5, Прилеп-2, Тетово-1 и Велес-6.