Новата верзија на алатката за генерирање слики со ВИ на Гугл ја „збриша“ конкуренцијата

Гугл го претстави најновото издание на нивната алатка со вештачка интелигенција за генерирање слики Imagen 3, која поставува нови стандарди.

Imagen 3 е подобар од претходните верзии и од другите водечки модели како DALL·E 3 и Midjourney v6, особено во усогласувањето на сликите со дадените инструкции и справувањето со комплексни детали.

Imagen 3 е најнапредниот модел на Google DeepMind за генерирање слики од текст, кој нуди подобрен квалитет на сликите со побогато осветлување, повисока резолуција и намалени визуелни дефекти. Овој модел е дизајниран за да разбира природен јазик, овозможувајќи лесно создавање на различни визуелни стилови, од фотореализам до уметнички текстури. Imagen 3 е достапен во повеќе верзии оптимизирани за различни задачи и се користи преку платформи како ImageFX и Vertex AI.

Фото: Слика генерирана со Imagen 3/Emma Roth

Дополнително, Imagen 3 вклучува напредни безбедносни технологии, како што е алатката SynthID, која овозможува невидливо обележување на сликите за нивно идентификување, без да се наруши нивниот визуелен квалитет. Ова го прави моделот многу погоден за професионални и креативни апликации, како што се создавање на стилизирани визуелизации за презентации, честитки и слично.

Прочитајте и:  Google ги повика корисниците итно да го ажурираат Chrome на нивните уреди

Моделот исто така ќе биде надграден со нови функции, како inpainting и outpainting, кои овозможуваат дополнително уредување на сликите. Google планира да ја прошири достапноста на Imagen 3 во различни производи, вклучувајќи ги апликациите Gemini, Workspace, Ads и други.
Ова го прави Imagen 3 не само напреден во однос на квалитетот на сликите, туку и лесен за користење со широка примена во различни индустрии и креативни проекти.

Можете да го пробате тука: Imagen 3 – Google DeepMind

- Реклама -