Новата слика како доказ: Игор веќе живее со Северина?

Не се престанува со шпекулациите за новиот избраник на пејачката Северина Вучковиќ. Дали е бремена? Дали живеат заедно?
Откога Северина јавно објави дека е повторно заљубена, секој нејзин чекор дополнително се следи. Минатата недела на гламурозната „Hall Of Fame“ забава пристигна со новиот дечко, 28-годишниот Игор Којиќ, а сега веќе српските медиуми пишуваат дека тие двајца и живеат заедно во Загреб.

Screenshot_21

Гласините почнаа кога Игор на неговиот Инстаграм профил објави фотографија на која се гледа дека на брачниот кревет се уредно наредени неговите работи, но и на Северина и облеката од нејзиниот син Александар.

Screenshot_18

„Игор за Северина се пресели во Загреб, и тоа после месец и половина поминато време во врска. Како што самите велат, од првиот момент знаеа дека тоа е вистинската работа и имаат големи планови за иднина. Се шпекулира дека пејачката е бремена и дека и двајцата поради тоа се пресреќни, но се уште е рано да ги потврдат тие информации. Секаде одат заедно, не се одвојуваат ниту за момент. Со оглед на тоа што Северина има голем стан во Загреб, таа му предложи на Игор да живее кај неа. Се чини дека откога живеат заедно повеќе се сакаат“, изјави извор за српскиот „Alo“.

Screenshot_20

- Реклама -