Познатата македонска пејачка Калиопи ја објави новата песна „Локомотива“, со која го означи и почетокот на музичката турнеја низ целиот екс-ју регион.
Имено, со овој сингл, Калиопи симболично го најавува тргнувањето на музичкиот воз на релација Скопје – Тузла – Сараево – Зеница – Белград – Загреб, зад која се крие нејзината турнеја насловена Мелем.
Станува збор за промотивната турнеја која пејачката ја објави на почетокот на годината. Критичарите овој албум го гледаат како круна на повеќедецениската кариера на Калиопи.
Слушнете ја новата песна чија музика и аранжман се дело на Ромео Грил, кој е и автор на комплентниот албум “Мелем“.
[youtube]http://youtu.be/Mdt_dIAeMOw[/youtube]