Корејскиот рапер Псај утре премиерно ќе ја изведе новата песна „Gentleman“ на концертот во Сеул, а тогаш ќе го претстави и новиот танц за кој вели дека ќе биде позаразен од оној за „Gangnam Style“.
По огромниот успех на „Gangnam Style“, корејскиот рапер Псај објави нова песна за која тврди дека ќе предизвика лудило во светот.
„Очекувајте поголемо лудило од Гангнам. Ќе претставам нов танц, кој на луѓето во Кореја веќе им е познат, но остатокот од светот сѐ уште го нема видено“, изјавил Псај кој новата песна и танц премиерно ќеги изведе утре на концерт во Сеул.
Слушнете ја новата песна
[youtube]http://youtu.be/d9bQiudu5CI[/youtube]