Натпреварот ќе се одигра за време на подготовките на нашата ракометна репрезентација за Светското првенство. Тоа треба да биде ревијален дуел меѓу актуелниот состав на ракометари и тим составен од поранешни македонски репрезентативци.
На натпреварот ќе се слави јубилејот 30 години машка репрезентација, а свечено од репрезентативниот дрес ќе се збогуваат Кире Лазаров и Стојанче Стоилов.