Нована година се ближит

happy-new-year-708144Goodbye 2006, Hasta luego, циао, досвидања!!! Годинава беше навистина
плодна за нас и ја испраќаме како година кога настана 365.com.mk,
година кога го запознавме Коста Бургов и период кој означи ново
поглавје за македонскиот интернет.

 

andrej-kosta-marjan-cityradio

 

 

Goodbye 2006, Hasta luego, циао, досвидања!!! Годинава беше навистина плодна за нас и ја испраќаме како година кога настана 365.com.mk, година кога го запознавме Коста Бургов и период кој означи ново поглавје за македонскиот интернет.

Би сакале пред се да им се заблагодариме на сите оние кои оваа година ни испраќаа интересни линкови, видеа, песни и учествуваа со своите коментари во креирањето на подобар сајт.

Благодарение на вашите посети во октомври, 365.com.mk работеше очајно споро една недела, по што требаше да се префлиме на побрз dedicated сервер:)

Игрите, видеата и песните се чини дека ви станаа омилени категории бидејќи во последните шест месеци преземавте 1646.74 GB.

Галериите со фотографии се она на што навистина се гордееме – 29474818(29 милиони!!!) прегледани страници, од преку 460 илјади посетители.

Просечното време на сурфање по посетител би напоменале дека е хазардно по здравје: нешто повеќе од 14 минути!

Сепак, покрај двајца ентузијасти и повеќеилјадна публика, за добар сајт потребна е уште една често запоставувана, но есенцијална работа: ДОБРА ПОДДРШКА!

Би сакале да се заблагодариме на нашите партнери – Неотел, една од водечките компании на пaзарот на електронските комуникации во Македонија, која имаше слух и визија за нашите барања и ни пружи безрезервна поддршка уште од самиот почеток.

Особен респекат оди до нашиот линукс гуру, невидливиот човек, дечкото од позадина – Љупчо Вангелски кој деноноќно се грижи сајтот да работи како под конец.

За крај, убави празници и пријатен амбиент каде и да сте! Очекувајте многу нови проекти кои ги оставивме за 2007-ма!

 

СРЕЌНА НОВА 2007-ма !!!
А сада, спектакл:
НОВАНА ГОДИНА СЕ БЛИЖИТНована година се ближит
старана ќе заминит по патон,
ќе препукнит срцено од радос,
кога сказалкине ќе се спојат на сатон.Ќе се поместит земјана од оскана,
и се ќе личит на сказна,
ќе се спојит небо и земја,
од пиротехника разна.

Ќе се радуват и телено младо,
прасено да го заколат ќе не молет,
радосен ќе бидит цел животински свет,
за најлудана ќе ги колет.

Во новава да се имат се,
и сексуални односи да имат секој,
да живит годинана нова,
да живит сто векој!

преземи аудио

изведба: Игор Џамбазов

- Реклама -