Во пресрет на „Дејвис куп“ натпреварот со репрезентација на Хрватска, најдобриот тенисер на светот, Новак Ѓоковиќ, бил гостин во хрватскиот дневник на TV Nova, каде покрај спортските прашања одговорил и на неколку приватни.
Во интервјуто, Ѓоковиќ меѓу другото открил и дека станувањето на татко го променило.
– Дефинитивно ме промени во позитивна смисла на зборот, чувствувам повеќе емпатија, а имам и повеќе разбирање за семејниот живот како и за сопругата. Жените во моите очи се божици за сè што мораат да поднесат, и таа жртва и начинот на кој целосно му се предаваат на детето што е на некој начин природно и сфатливо и разбирливо, но повторно не можеме тоа да го земаме здраво за готово, не може тоа да се подразбира. Многу сум благодарен на мојата сопруга, беше доста одвоена од мене во овој период, не бевме во Австралија и Дубаи, таа е целосно посветена на нашиот син, а јас се обидувам кога сум со нив да превземам активна улога во неговиот развој. Сега има четири месеци, само нека е жив и здрав- рекол Новак.