Нова згодна и долгоочекувана опција на YouTube за Chrome: Слика-во-слика

Досега ако сакавте да гледате YouTube видео, бевте врзан табот YouTube да го чувате активен во пребарувачот. Со новата верзија на Chrome 70 за Windows, Mac и Linux, Google ја претстави новата опција „слика-во-слика“ со која можете да го минимизирате видеото во аголот од екранот, каде што ќе остане видливо дури и ако кликнете на нов таб, додека читате 365.com.mk можеби. Дури и ако целосно го минимизирате пребарувачот, видеото ќе остане видливо на вашиот десктоп.

За да ја активирате оваа опција, отворете го видеото кое сакате да го гледате, и два пати по ред кликнете на десен клик врз видеото. Првиот пат ќе ви се отвори стандардното YouTube мени, но потоа ќе се отвори она порудиментираното мени, каде што ќе ја видите опцијата „picture in picture“.

Кликнете и видеото ќе се смали во десниот долен агол. Оттаму потоа можете да го зголемите (resize), да го паузирате, да го преместите било каде на екранот или да го „затворите“ назад во соодветниот YouTube таб, т.е. да ја исклучите опцијата слика-во-слика (кликнувајќи „x“ во аголот на прозорчето). Единствено нема да можете да го намалите или зголемите тонот, за тоа ќе мора да се вратите во соодветниот таб, но и тоа веројатно наскоро ќе биде поправено.

Нема на што.

 

- Реклама -