Некои тврдат дека бил отруен, а други дека бил преисцрпен создавајќи повеќе од 600 дела за време на својот карток живот. Меѓутоа, една најнова холандска студија тврди дека славниот композитор Волфганг Амадеус Моцарт најверојатно починал од воспаление на грлото предизвикано од бактериска инфекција.
Некои тврдат дека бил отруен, а други дека бил преисцрпен создавајќи
повеќе од 600 дела за време на својот карток живот. Меѓутоа, една
најнова холандска студија тврди дека славниот композитор Волфганг
Амадеус Моцарт најверојатно починал од воспаление на грлото
предизвикано од бактериска инфекција.
Моцарт беше 35-годишен кога почина на 5 декември 1791-та. Оттогаш, па сè досега се појавуваа различни теории и причини за неговата смрт – од намерно труење, ревматска треска, па сè до трихинелоза. Сопругот на Моцартовата вдовица велел дека музичарот имал навика да пие алкохол цело време додека компонирал и дека таа лоша навика веројатно го забрзала неговиот крај. Некои сметаа дека тој и подлегнал на туберкулозата или едноставно на исцрпеноста, бидејќи во текот на својот живот напишал повеќе од 600 дела.
Меѓутоа, тим од стручњаци од Амстердамскиот универзитет верува дека обична инфекција со стрептокока довела до фаталното потекување на бубрегот кое ја предизвикало смртта. На официјалната посмртница е забележано дека причината на смртта е жестока грозница пропратена со висока температура, осип и потење. Истражувачите наведуваат дека поранешните студии за смртта на Моцарт воглавно се засноваа на недоверливи извори, како што се изјавите од луѓето кои присуствувале на последните денови на композиторот, а кои ги дале изјавите години после
неговата смрт.
Новата студија е изведена врз основа на податоците за смртта на жителите на Виена во зимата 1791-та, што ја става смртта на Моцарт во поширок контекст. „Нашите сознанија укажуваат на тоа дека Моцарт бил жртва на епидемијата на воспаление на грлото предизвикана од бактериска инфекција која зафатила голем број на жители на Виена во истиот месец кога починал и Моцарт. Моцарт бил еден од неколкуте кај кои инфекцијата се проширила и на бубрезите.“, според Ричард Цегерс од Амстердамскиот универзитет. [Forget about poison or syphilis: Mozart ‘killed by hospital superbug’]