Нова теорија за идентитетот на Мона Лиза

Мона ЛизаСо векови луѓето шпекулирале за идентитетот на моделот кој му послужил на Леонардо да Винчи како инспирација за „Мона Лиза“. Дали е Лиса Џерардини, сопругата на трговец од Фиренца? Дали е Изабела од Арагон или, како што веруваат некои експерти, се работи за автопортрет? Или дали се работи за друга личност?

Историчар на уметност од Италија, Силвано Винчети, верува дека моделот за „Мона Лиза“ бил Џиан Џиакомо Капроти, попознат како Салаи, ученик (и можеби љубовник) на Да Винчи. Винчети ја објаснил својата теорија на прес-конференција одржана во Рим во средата. „Салаи бил омилениот модел на Леонардо. Леонардо дефинитивно вметнал некои од цртите на Салаи во последната верзија на ,Мона Лиза’“ изјавил Винчети. Тој ги посочил сличностите помеѓу усните и носевите како пример.

Претходно Винчети откри неколку скриени симболи во очите на „Мона Лиза“. Винчети можеби не верува дека Салаи бил единствената инспирација за најславната слика во светот. На прес-конференцијата, историчарот рекол: „,Мона Лиза’ мора да биде анализирана на повеќе нивоа, не само како портрет.“ Со други зборови, според Винчети, најверојатно имало неколку инспирации за сликата. Но, не се согласуваат сите со ставовите на Винчети.

Марани, професор по уметност на Политехничкиот Универзитет во Милано, ја нарекол теоријата на Винчети „неоснована“. Тој додал: „Делото (,Мона Лиза’) почнало како портрет на Лиса Џерарди, но со текот на времето во рацете на Леонардо полека се трансформирала во нешто друго: идеализиран портрет наместо специфичен.“ Ова не е прв случај каде експерт по уметност го поврзал Салаи со некое од делата на Да Винчи. Винчети верува дека и други дела, меѓу кои и „Св. Јован Крстител“, биле базирани врз Салаи. [A new theory for “Mona Lisa”]

- Реклама -