Водечкиот германски производител на гуми и технологија Continental непрестано развива иновации со кои да се подобрува безбедноста на патот. Најновото остварување е Vehicle-to-X или V2X.
Најновата технологија на компанијата Vehicle-to-X или V2X им овозможува на возилата да се поврзат преку безжична комуникација со останатите учесници во сообраќајот и да разменат најнови информации за позицијата на секој од нив, за да бидат предвидени потенцијални судири, па да се делува правовремено и да се сопрат истите или значително да се намали силата на ударот во случај на инцидент.
Возило кое е опремено со технологијата V2X може да разменува информации со останатите учесници во сообраќајот, кои имаат паметен телефон или посебен предавател. Позицијата и предвидувањето на однесувањето на сите ранливи учесници во сообраќајот се испраќаат анонимно преку директна порака во V2X системот до возилото. Дојдовните пораки се обработуваат за помалку од 0.1 секунда. По нивното добивање системот за контрола на автомобилот решава дали возачот треба да биде известен и дали треба да има некаква интервенција во динамиката на возилото. Бидејќи локализацијата со GPS на пешаците не е доволно прецизна, фокусот кај идните подобрувања е насочен врз пресметката на релативната позиција и предвидување на истите на патот. Потоа информациите ќе биде синхронизирани со податоци од други сензори на возилото пред да бидат активирани сопирачките. На овој начин се подобрува препознавање на објекти и нивна класификација.
– Превенцијата на најранливите учесници во сообраќајот на патот, како пешаците или велосипедисти е еден од најголемите предизвици за што е потребно да се преземат соодветни мерки и да успееме да постигнеме побезбедно возење без никакви несреќи, објаснува д-р Бернхарт Клумп, директор на бизнис насоката за Пасивна безбедност и сензорни системи во Continental. – Комуникацијата на блиски растојанија можат да одиграат клучна улога и на тој начин да ни се приближат кон нашата цел за возење без инциденти на патот.
Комуникацијата помеѓу две возила или меѓу автомобил и друг учесник во сообраќајот минува низ стандардот за специјална директна врска WLANp. Модерни паметни уреди веќе имаат WLAN конекција и преку лесни промени во чипот за комуникации ќе можат да бидат прилагодени за размена на V2X пораки со автомобилите во WLANp. Ова е од фундаментално значење за размена на информации поврзани со безбедноста како позиција, движење и дејствување на сопирачките на возилото.