Нова снимка од пожарот во Тетово, покажува неколку помали и една голема експлозија (ВИДЕО)

Нова снимка од катастрофалниот пожар во модуларната ковид болница во Тетово, овојпат направена од минувач, се појави денеска на социјалните мрежи.

Снимката од поинаков агол ги покажува најкритичните моменти од пожарот, вклучително и една поголема експлозија која ја проголтува целата барака. Пред неа и по неа можат да се слушнат неколку помали експлозии проследени со дополнителни пламени јазици, веројатно резултат на боците со кислород.

Снимката ја споделуваме во продолжение, но внимавајте, ВИДЕОТО Е ВОЗНЕМИРУВАЧКО и во голема мера ја доловува паниката на луѓето на местото и близу до местото на несреќата.

- Реклама -