Социјалните мрежи како што е Facebook се едни од главните виновници за зголемениот број на разводи, тврдат адвокатите. Таквите веб страници често ги потикнуваат сопружниците на флерт или неверство, а една адвокатска компанија тврди дека токму Facebook се наведува како главна причина за развод во секоја петта тужба.

„Најмногу такви тужби примаме затоа што еден од партнерите разменува сексуални пораки со луѓе со кои не би требало да го прави тоа.“ Тврди Mark Keenan, директор на компанијата Divorce-Online.
Сомничавите партнери ги користат овие веб страници за да најдат докази за флертување, па дури и афери кои водат кон развод. Компјутерските фирми, од друга страна, најдоа начин да заработат развивајќи софтвери кои им овозможуваат на сомничавите сопружници да ги шпиунираат онлајн активностите на нивните партнери.
Имаше и еден случај со 35-годишна жена која токму преку Facebook откри дека нејзиниот сопруг се разведува од неа. Нејзиниот сопруг решил да му стави крај на бракот така што ќе го апдејтува неговиот статус. [Facebook fuelling divorce, research claims]