На интернет протече нова слика од Samsung Galaxy F која целосно ги збуни сите бидејќи премногу се совпаѓа со очекуваниот Samsung Galaxy S5 Prime кој треба да донесе значително подобрувања во дизајнот и дисплејот, а овој уред да потсетиме беше планиран како почеток на една сосема нова серија на смартфони од Samsung Mobile која ќе дебитира наредната година.
За Samsung Galaxy F претходно пренесовме дека ќе има метален дизајн што се потврдува од протечената слика, а исто така ќе има осум-јадрен 64 битен Exynos процесор, 3 GB RAM и многу иновации во софтверот, но можеби Samsung ќе се одлучи за предвремен пласман за да одговори на предизвикот кој го постави LG G3 со Quad HD дисплејот.
Досега најмногу се говореше за Samsung Galaxy S5 Prime како втор премиум смартфон кој треба да се појави на пазарот во текот на летото, па испливувањето на новата Galaxy F серија може да биде големо изненадување.
Teкстот е објавен во соработка со Telefoni.com.mk