Нова категорија на Оскарите – популарен филм

Организаторите на Оскарите соопштија дека воведуваат нова категорија за филмови блокбастери – популарен филм.

Оваа категорија на филмови досега беше неправедно запоставена од филмската академија.

Американската академија за филмски науки и уметности на Твитер објави дека новата категорија е дизајнирана за постигнувањата на популарните филмови. Веќе на следните Оскари ќе се доделува награда и во оваа категорија.

Одборот на гувернери на академијата што ги организира Оскарите исто така соопштил дека во текот на следниот пренос на церемонијата ќе има и реклами за време на доделување на наградите и времетраењето на церемонијата ќе биде ограничена на три часа.

- Реклама -