21 лице загина во текот на ноќта при потонување на два чамци крај грчките брегови.
Грчките власти соопштија дека 21 лице загина синоќа при потонување на два брода кои превезувале мигранти од Турција кон Грција.
Во несреќата со првиот брод загинале 18 лица, а 138 биле спасени, додека во вториот инцидент загинале три лица, а шесторица успеале да преживеат.
Трагичните несреќи се случуваат на позадината на засилената миграција кон грчките острови пред доаѓањето на зимата и мерките на Европската Унија за ограничување на бројот на бегалци во Европа.