Нова интересна реклама за Samsung Galaxy S4

Samsung претстави нова реклама за својот најдобар претставник Galaxy S4 во соработка со новиот филм на Pixar, Универзитетот со Чудовишта.

Рекламата која содржи долги секвенци од најновиот хит на Disney, нагласува некои од карактеристиките на S4 за време на видео клиповите и сликитe од 3D анимираниот филм. Опциите кои можете да ги видите во рекламата се: Air Gesture, Smart Pause, Sound and Shot, Group Play и Drama shot.

Она што е уште поинтересно е што рекламата на крај завршува со линк на Disney за страната на Galaxy S4, каде што може да дознаете повеќе за новите опции на смартфонот преку три мали игри, и ако победите во сите можете да бидете дел од наградната игра за да добиете Samsung Galaxy S4.

Погледнете ја рекламата:

[youtube]http://youtu.be/3fuSG0apeBM[/youtube]

Текстот е објавен во соработка со telefoni.com.mk

- Реклама -