Силвестер Вардега, полскиот сеирџија познат по разните шеги со скриена камера, овој пат смисли скеч кој изгледаше повеќе застрашувачки отколку смешно.
Главна ѕвезда во видеото е неговото мало црно куче Чика, кое е облечено во костум на тарантула, и изгледа навистина морбидно. Скечот вклучува и навидум мртво човечко тело, џиновска „пајажина“, како и заплеткани, распарчени екстремитети.
Иако многумина кои го гледале видеото коментираат дека на овој начин некоја исплашена „жртва“ во паника би можела сериозно да го повреди кучето, сепак, Вардега смета дека нема потреба за вознемиреност. Всушност, тој има направено голема колекција на скечеви од овој вид, па доколку ви се допадна оваа шега, проверете го неговиот YouTube канал.