Нова генерација на Renault Koleos

popup_595_Renault-1000-2

По неколку месеци на гласини и шпекулации, во кои најчесто беше споменувано името Maxthon, Renault конечно ја претставува новината на салонот во Пекинг. Нема веќе тајни Французите сепак му даваат втора шанса на добриот стар Koleos.

popup_439_Renault-1000-3Новото издание на SUV моделот е изградено на модуларната платформа на Алијансата- CMF-C / D,  на која лежи во основа и X-Trail. Меѓуоскиното растојание на новиот Кoleos изнесува 2.710 mm, што е за пет милиметри подолго од јапонскиот оригинал. Должината исто така е во корист на Французинот – 4.670 во однос на 4.630 mm, a широчината на двата теренеци е еднаква – 1.840 mm. Koleos II има и поголем багажник од X-Trail и тоа за 105 литри. Волуменот со спуштени задни седишта достигнува 1.690 литри. Кросовер на Renault има и поголем клиренс – 213 mm, за три милиметри повеќе од Nissan.

popup_654_Renault-1000-4Новата генерација на Renault Koleos ветува максимален комфор и безбедност, а во опремата ќе бидат вклучени загреан управувач, посебен систем за филтрација на воздухот, систем за лесно одмрзнување, интелигентен систем за погон на четири тркала 4×4-i, вграден инфо-комуникациски и мултимедијален систем R-Link 2, систем за автоматско активирање на системот за сопирање во случај на опасност и друго.

popup_479_Renault-1000-5 popup_109_Renault-1000-7 popup_334_Renault-1000-6

Автоплус

- Реклама -