Тема објави уште една фотографија од поранешниот македонски премиер во Будимпешта, овој пат како вади пари од банкомат.
Телевизијата тврди дека фотографијата им ја испратил гледач кој бил на самото место во супермаркет на Теско на периферија на Будимпешта.
Груевски имал капче и шал преку лицето, а веднаш откако извадил пари со телефон се јавил и по него дошол џип со затемнети стакла.
Досега излегоа фотографии од прошетка на Груевски низ Будимпешта, како сурфа на интернет во хотел и виде-снимка од ресторант.
Екс-премиерот избега на 11 ноември во Унгарија пред да остслужува двегодишна казна затвор, а таму по некое време доби и статус на азилант.
Фактор.мк