Нова „бомба“: Јанакиески и Николоски договараат сообраќајна несреќа за да спречат гласање на албански иселеници

Нов прислушкуван разговор е објавен денеска на Јутјуб каналот „Обнова на режимот“. За разлика од досега, каде главни актери беа Игор Јанушев и ексминистерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, сега разговорот е меѓу Јанакиески и Александар Николоски, кој исто така е носител на листа на ВМРО-ДПМНЕ на претстојните избори.

Во разговорот, Јанакиески му се јавува на Николоски и му соопштува дека околу 16 до 16.30 ќе слетаат два авиони со Албанци и дека со Гордана Јанкуловска (тогашна министерка за внатрешни работи) се договориле да се исценира мала сообраќајна несреќа (превртен трактор) кај Пресека (помеѓу општината Дебарца и Охрид каде што се наоѓа и охридскиот аеродром), за да не можат Албанците, кои од аеродромот до гласачките места се очекува да одат со кола, да стигнат да гласаат.

Прочитајте и:  Николоски: Францускиот претседател е неспорно лидер на Европа, средбата говори и за личниот авторитет на премиерот

Како што потсетува „А1он“, ваков разговор беше презентиран и во предметот „Титаник“ за изборни измами. На рочиштето пред две години, се слушаа предлозите од Јанакиески и Јанкулоска, меѓу кои и на денот на изборите, 24 март 2013, некој од членовите да преврти трактор на патот или пак да се истури песок од камион, за тотално блокирање на патот за да се спречат Албанци да гласаат.

Во вчера објавените снимки, можеа да се слушнат Јанакиески и Јанушев како договораат да се расипуваат лифтови и активисти и локални челници на ВМРО-ДПМНЕ да пријавуваат електрични дефекти.

- Реклама -