Блескав и без гребнатинка – така изгледа секој нов автомобил, кога излегува од автосалонот, но очигледно тоа веќе не е модерно.
Clyde Wraps нудат налепници за автомобили, кои се вистинско уметничко дело. Не станува збор за змејови или пламен, туку за навистина реална рѓа.
Овој сосема нов Volkswagen, на пример, добива нов изглед, кој го претвора во стар ‘рѓосан автомобил.
Бидејќи никој не паѓа на стари ‘рѓосани возила, според нас единствената корист која ја носи оваа налепница, е заштита на бојата на возилото.