Нова американска инвестиција во март, зголемување на извозот од 100 милиони долари годишно

Во последните 45 дена се потпишани два нови договори на околу 15-16 милиони евра, дефинирани како инвестиции кои веќе се работат, соопшти Директорот на ТИР – Јован Деспотовски, во гостување во „ТВ24“.

„Екслузивно за вас, да откријам веќе во првата половина од март, носиме голем проект, американска инвестиција од Питсбург која ќе вреди 15 милиони долари, кои што треба да донесат зголемување на извозот од 100 милиони евра на годишно ниво“, потенцира Деспотовски, додавајќи дека се фокусираат на квалитетни инвестиции.

„Не трчаме за камери и сликање, не е важно само да се отвори и да се каже бројка“, додаде тој.

- Реклама -