Велингтон, 20 август 2021 (МИА) – Владата на Нов Зеланд денеска го продолжи „затворањето“ во целата земја најмалку до вторник, откако се зголеми бројот на заразени коронавирус.
Епидемијата на вирусот во Нов Зеланд, која неодамна повторно избувна после шест месеци, се прошири од најголемиот град Окленд до главниот град Велингтон. Здравствените власти денеска соопштија дека трите лица во Велингтон кои неодамна го посетија Окленд се позитивни.
Тие велат дека бројот на заразени се искачи на 31. Досега, Нов Зеланд успешно се бореше со епидемијата, а меѓу пет милиони жители од Ковид-19 починаа само 26 луѓе.
Околу 20 проценти од населението на Нов Зеланд е вакцинирано против коронавирусот.