Шампионот од MotoGP, Валентино Роси и дизајнерот Алдо Друди формираа силен тим за создавање на уникатен Opel Adam.
Наречен Adam&Vale for Charity, овој оригинален модел се издвојува со својот инспириран од MotoGP дизајн, со уникатните бои, црна предна маска и фелни со пет краци. Освен тоа „малечкиот“ е опремен со специјални кожени седишта, кои потсетуваат на комбинезони на натпреварувачите во MotoGP. Автомобилот ќе биде продаден на аукција во декември, а средствата ќе одат на сметка на Фондацијата на детската болница Meyer.
Што се однесува до самиот проект, Валентино Роси, е ангажиран да дава совети и да биде дел од најновата телевизиска реклама на Opel Adam. Од германската марка се надеваат дека ангажирање на вака познато име ќе им помогне во својата намера да обезбедат што повеќе фанови за својата хумана цел.