Нов светски рекорд: Нуркач помина 6 дена под вода (видео)

Џери Хал по шест дена поминати под вода во езерото Саут Холстон во Бристол влезе во Гинисовата книга на рекорди за најдолго нуркање во отворена слатка вода.

Џери го сруши рекордот на Алан Шерод од 2011 година кој помина под вода 120 часа, 14 минути и 11 секунди.

3

Новиот рекордер со посебна опрема редовно спиел и јадел под вода. Додека спиел носел целосна маска за случајно да не земе воздух, а храна му носеле волонтери од куркачкиот клуб.

„За време на оброците користеше најобичен регулатор. Му ја сечеа храната на мали парчиња, ја пакуваа во кесички и му ја носеа доле. Тој тогаш го вадеше регулаторот од уста, ја ставаше храната меѓу усните, ја исплукуваше водата и голташе“, објаснил член на тимот на Џери.

g

За да го „убие“ времето под вода, тој гледал подводен телевизор поврзан со ДВД, слушал музика, играл игрици.

[youtube]http://youtu.be/xJuMsktmDaU[/youtube]

- Реклама -