Компанијата Sony имаше неколку неуспешни обиди да лансира на пазарот паметни часовници кои не беа примени најдобро од купувачите поради малиот број на опции и високата цена. Сега е најавено претставување на нов Sony SmartWatch.
Сеуште не е познато какви карактеристики ќе има овој нов Sony SmartWatch, а може само да се претпостави дека ќе има споени функции со Xperia смартфоните и дополнителни опции од мобилната технологија бидејќи ќе работи на оперативниот систем Android.
Sony SmartWatch ќе биде официјално претставен на Asia Expo 2013 големиот саем на технологија кој се одржува во Шангај од 26 до 28 јуни. Претходно добар успех имаше компанијата Pebble со својот паметен часовник, а слични уреди се најавени и од Apple, Samsung, LG и многу други што наговестува дека ова ќе биде новиот тренд во мобилната технологија.
Текстот е објавен во соработка со telefoni.mk