Нов рекорд: 400 км/ч со мотор

Турскиот тркач, Кенан Софоглу, постави нов светски рекорд за брзина со сериски мотоцикл. Тој успеа да постигне брзина од 400 km/h, што е побрзо за 9 km/h од претходниот рекорд во негова сопственост, поставен во 2012 година.

popup_470_moto-rekord-900[1]

Рекордното остварување беше направено во Турција, а мотоциклот со кој управуваше Софоглу е Kawasaki Ninja H2R. Интересно е дека мотоциклот не е со спортски пакет и не располага со значителни доработки. Единственото различно се специјалните гуми, подготвени од компанијата Pirelli. Пилотот носеше и аеродинамичен кожен комбинезон, а фирмата Elf достави посебно гориво кое ја зголеми малку моќноста на мотоциклот. Задачата пред Кенан Софоглу беше да достигне брзина од 400 km/h за 30, а тој успеа да го направи тоа за 26 секунди.

За жал рекордното остварување не е внесено во Книгата за рекорди, бидејќи за време на настанот не биле присутни набљудувачи од Гинис.

Автоплус

- Реклама -