Нов пораз од Белгија

Македонската фудбалска репрезентација доживеа нов неуспех против Белгија, овој пат загубивме минимално со 1-0, Азар и пресуди на нашата селекција.

Не успеавме да ја изненадиме силната селекција на Белгија, домаќинот прикажа повеќе и заслужено дојде до трите бода.

Чеде Јаневски со значително изменет состав го започна натпреварот во Брисел, Георгиевски, Шиков, Ристовски, Глигоров, Тасевски и Ивановски беа новите стартери.

Белгија ја имаше доминацијата речиси во текот на целиот натпревар, Македонија од контра напади се обидуваше да го загрози голот на Куртоа.

Првото полувреме мина без посериозна шанса за погодок, со неколку обиди и кон двата гола.

Вториот дел Македонија се закани преку Николче Новески кој од убава позиција биеше над голот на Белгија.

Домаќините имаа убава можност преку Азар кој од далечина ја погоди пречката од голот на Пачовски.

Во 63. минута лошо исфрлување на Георгиевски, топката дојде до Азар кој убаво ја измами нашата одбрана и постигна гол за водство на Белгија од 1-0.

До крајот на натпреварот Македонија се обидуваше да дојде до израмнување, имавме неколку обиди, но не успеавме посериозно да го загрозиме Куртоа.

По овој пораз сите шанси за првите две позиции се загубени, сега секој од преостанатите натпревари ќе биде клучен за трката по третата позиција која ќе ни овозможи шешир погоре во ждрепката за следните квалификации.

Текстот е објавен во соработка со 24Фудбал.

- Реклама -