Нов пакет американска воена помош за Украина, вреден околу 800 милиони долари

Вашингтон, 19 август 2022 (МИА) – САД се подготвени да ѝ дадат на Украина скоро 800 милиони долари нова воена помош, вклучително и најмалку 10 извидувачки беспилотни летала, изјавија неименувани американски претставници.

Според нив најголемиот дел од помошта ќе бидат дополнителни хаубици и муниција, како и преносливи дронови за долги извидувачки летови, кои се лансираат од катапулт, а потоа се враќаат назад.

Тоа би било 19. пат од август 2021 година, американското Министерство за одбрана да испрати оружје и воена опрема од сопствените резерви во Украина.

Од почетокот на руската инвазија, САД испратија оружје, муниција и друга опрема во Украина во вредност од повеќе од девет милијарди долари.

Прочитајте и:  Зеленски: Под администрацијата на Трамп, војната во Украина ќе заврши побрзо
- Реклама -