Сакаме кога сме различни!
Ова би била пораката која ја добивме од ревијата наречена Macedonian beauty на која беа претставени 16 различно дизајнирани маици инспирирани од Македонија, а кои се наменети за машки и за женски кои сакаат да изгледаат уникатно. Дизајните се плод на работата на младата дизајнерска екипа на https://www.facebook.com/fingerprint.mkd/ кои одбрале неколку македонски одлики кои одлично се „лепат“ и ја раскажуваат нашата приказна на необичен и оригинален начин. Токму тоа и е пораката на оваа едиција: Македонска убавина – парче приказна! Следуваат и други дизајни и различни производи, кои според ова што го видовме, нема да нѐ остават рамнодушни.
(Нарачки на нивната ФБ фан страна во инбокс.)
Супер решение за да се осетите онака баш македонски и фраерски, секој од нас треба дома да има најмалку една ваква маица … и барем уште две-три на лагер за да им подарите на гостите од странство … Супер сувенир, супер подарок, супер идеја да си ја презентираме нашата чудесна земја…
Браво за идејата …
Фотки од ревијата …