Јаглеродот е многу кул елемент! Покрај тоа што е во основата на секој жив организам, научниците дознаваат дека двојно и тројно врзаните атоми на јаглерод можат да го создадат најцврстиот материјал во светот. Нема лутиш, дијаманти.
Во сеуште необјавената студија на Мингџи Лиу и тимот од Rice University, теоретски образложуваат нов материјал – карбин (carbine), кој е синџир на јаглеродни атоми врзани само со двојни или пак наизменично тројни и единечни врски. До сега, се сметаше дека карбинот би бил опасно нестабилен, дури лесно експлозивен, но како што сите знаеме, научниците се фасцинирани од нешта што екплодираат, па логично е што продолжиле да си играат со оваа материја.
Лиу и нејзиниот тим сериозно се зафатиле со теорискиот дел во врска со карбинот, и дошле до заклучок дека би бил два пати поцврст од било кој познат материјал и посилен од се што постои.
На крајот, тие предлагаат дека и покрај тоа што технички постои шанса да експлодира ако дојде во допир со друг синџир карбин, постои „активациона бариера“ што ќе спречи лесно да дојде до вакво случување, што го прави новиот материјал совршен за краткорочни потфати.