Канадската компанија наскоро ќе лансира нов луксузен смартфон кој ќе го содржи успешниот Porsche Design и ќе работи на новиот оперативен систем BlackBerry 10.
Овој смартфон ќе има сличен хардвер и големина како и BlackBerry Z10, кој е првиот уред на компанијата со екран на допир. BlackBerry Porsche Design беше наменет за екстремно богатите корисници и чини околу 2000 долари.
Високата цена се должи на скапите материјали за неговата градба и за него обично се вели дека може да си го дозволат тие што навистина возат Porsche. Новиот BlackBerry Porsche Design ќе се најде во продажба од 2014-та година.
Текстот е објавен во соработка со telefoni.com.mk