Новоформираната калифорниската компанија планира да лансира прв електромобил во 2017 година и на тој начин практично да го наруши монополот на Tesla Motors, не само во државата, туку и на глобално ниво.
Штабот на новата компанија Faraday Future во моментов се наоѓа во поранешниот истражувачки центар на Nissan во Гардијан, во Калифорнија и веќе понуди некои скици за својата нова зграда и основни информации за возилото. Новиот електромобил ќе има модуларен дизајн и батерии со капацитет 98 kWh (во однос на 85 kWh во најмоќната Tesla Model S). Ќе се произведува целосно во САД, но некои компоненти ќе се испорачуваат од странство. Во Faraday Future нема да се ограничуваат со еден модел и планираат постепено проширување на палетата.
Во моментов за компанијата работат околу 200 лица, но секоја недела се вработуваат по 10 нови соработници. Дел од персоналот на Faraday Future се поранешни кадри на Tesla Motors. Главен инженер на идниот електромобил е Ник Сампсон, кој работел на конструкцијата на Model S. Главен дизајнер на новата компанија е Ричард Ким, чие дело се концептните BMW i3 и i8. Одделението за акумулатори ќе го предводи поранешниот специјалист од Space X (исто како Tesla во сопственост на Елен Маск) Портер Харис, а за погоните ќе одговара Силва Хитин, кој ги разви агрегатите на хибридниот Chevrolet Volt. Со дизајнот на внатрешноста и надворешноста ќе се занимаваат поранешни соработници на BMW, Lamborghini, Ferrari и Land Rover.