Уште една кинеска марка ќе се обиде да се наметне на пазарот, а нејзиниот прв модел е кросовер, кој го носи името S25. Брендот се нарекува Bisu и е заеднички проект на автоконцернот BAIC и на производителот на мотоцикли Yinxiang, пишува весникот Autonews.
Целосното име на производителот е Chonqing Bisu Automotive Corporation и се гледа од називот, компанијата е со седиште во град Чонгкинг, а целта на нејзиното раководство е да успее да ги придобие на своја страна младите клиенти. Претежно оние кои досега го посакувале кросоверот на Huansu – друга марка, која му припаѓа на концернот BAIC.
Компактниот кросовер Bisu 25 е изграден на платформата на Huansu S2, ги има истите димензии (меѓуоскиното растојание е 2.560 mm), но е далеку поатрактивен и привлечен на изглед. Под хаубата на новиот модел е поставен специјално дизајниран за него 1,3-литарски бензински турбо мотор чии технички карактеристики засега не се познати. Во типичен за кинеските компании стил и за овој модел е позајмени елементи од моделите на други производители. Напред кросоверот потсетува на производи на брендот Haval, кој е во сопственост на Great Wall. Изгледот на тркалата и на некои други дополнителни елементи на каросеријата се како Range Rover Evoque…
Цените на новиот кросовер во зависност од опремата ќе се движат помеѓу 60.000 и 70.000 јуани, што значи помеѓу 8.000 и 9400 евра. Продукцијата на Bisu сепак ќе биде целосно насочена кон Кина, извоз не се предвидува.