Се појави нов извештај за плановите на Apple за линијата на смартфони iPhone кои ќе бидат лансирани наредната година.Според него Apple покрај интересот да направи смартфон со поголем екран, можно е да влезе и во сосема новата категорија на флексибилни и заоблени екрани.
Во овој момент се тестираат два уреди, едниот е iPhone со големина од 4.7 инчи што се поклопува со досегашните протечени информации, а вториот е iPhone со големина од 5.5 инчи со што Apple ќе влезе во категоријата на т.н. фаблети односно хибридни уреди со големина приближна на таблет.
Тоа што е најинтересно во овој извештај е за прв пат споменувањето на закривен екран кој можеби ќе биде искористен, но во деталите стои дека тоа нема да биде целосно флексибилен дисплеј, туку ќе има мала закривеност во аглите. Новата серија на смартфоните iPhone ќе биде претставена во септември 2014-та година.