Горан Пандев постигна гол со глава во пријателскиот натпревар против Галатасарај кој Наполи го доби со 3-1.
Наполи со 3-1 славеше против Галатасарај во пријателски натпревар одигран на Сан Паоло.
Пандев во 5. минута постигна погодок со глава за водство на Наполи од 1-0.
Македонскиот репрезентативец од игра излезе во текот на второто полувреме.
Гонзало Игуаин не дебитираше за Наполи на овој натпревар, на кој настапија новите засилувања Каљехон и Мертенс.
Останатите два гола за Наполи беа дело на Ѕунига и Инсиње кој погоди од пенал.
Текстот е објавен во соработка со 24Фудбал