Нов флексибилен екран на Sony кој може да се навитка на пенкало (видео)

ekranSony соопшти дека е создаден прототип за флексибилен OLED екран кој може да се навитка на пенкало, а толку e тeнок што се мери во микрометри.


Sony соопшти дека е создаден прототип за флексибилен OLED екран кој може да се навитка на пенкало, а толку e тeнок што се мери во микрометри.

Флексибилниот екран е со дијаметар од 4,1 инчи, а тенок е само 80 микрометри. Лесно е да се намота околу цилиндричен предмет без да пукне и да престане да работи. За да го направи овој екран, Sony прво разви тенок филм со органски транзистори кој го интегрира со OLED на тенка флексибилна подлога. Резолуцијата на екранот е 432X240 пиксели. Се уште нема информации кога ваквите екрани ќе се најдат во продажба, ниту на какви апарати ќе се најдат, но може да се замисли како во блиска иднина ќе читаме електронски весници на едно парче електронска хартија или како овој екран ќе биде искористен за нови, интересни гаџети како мобилни телефони на извлекување.

{youtube}9OvTLg4i2_U&{/youtube}
Прочитајте и:  Sony најави ретро PS5 и PS5 Pro за прослава на 30-годишнината
- Реклама -