Ултравиолетовиот телескоп инсталиран на рускиот сателит Ломоносов регистрирал мистериозни светлосни „експлозии“ во атмосферата чија физичка природа десега не е објаснета, соопшти за Sputnik директорот на Истражувачкиот институт за нуклеарна физика при Рускиот Државен Универзитет.
„Со помош на телескопот, добивме дури и поважни резултати од очекуваните. Се чини дека откривме нов физички феномен… Сè уште не ни е позната неговата физичка природа… На пример, за време на летот на Ломоносов на висина од неколку десетици километри, неколку пати регистриравме многу моќни ‘експлозии’ на светлина. Но сè беше чисто под нив, ни бура, ни облаци“, вели Михаил Панасјук.
Рускиот астрономски сателит Михаило Ломоносов беше лансиран во земјината орбита во 2016-та. Дизајниран е за да ги опсервира краткотрајните феномени во горната атмосфера на Земјата, како и за да ги проучува карактеристиките на радијацијата во земјината магнетосфера и за основни космошолки проучувања. Тежи 625 килограми. Сателитот е опремен со вселенски телескоп што го мери енергетскиот спектар и хемискиот состав на високо-енергетските вселенски зрачења од близина на земјината орбита.
via Sputniknews