Трендот започна во обид јавно да се посрамат луѓето што без маски влегуваат во продавници и општо не ги почитуваат насоките за заштита од ковид-19. Меѓутоа освен привремен сеир, ништо од ова немаше никаков опиплив резултат.
Стандардно матни, снимани од случаен минувач, со исклучоци на личните сведоштва за борбата против тиранијата на носење маски, пораката на главните јунаци на видеата е дека „маските не се неопходни, а тие имаат право флагрантно да ги нарушуваат советите и насоките за заштита на јавното здравје“.
This woman in Scottsdale, Arizona was super upset with Target for selling face masks. So upset in fact, that she attacked their display….pic.twitter.com/ye9LiDz0JH
— Rex Chapman🏇🏼 (@RexChapman) July 5, 2020
Овој став го држат наспроти сите препораки што доаѓаат од секој можен здравствен авторитет на планетава од американски локални како ЦДЦ, до глобални како СЗО…
Целата статија и повеќе видеа на ОФФ.нет