Нов, едноставен и уникатен маникир со помош на вода

Веројатно сите сте запознаени со класичното лакирање на ноктите со помош на вода. Но, за сите кои немале успех при добивањето на крајниот ефект на ваквиот начин на украсување на ноктите, можеби треба да се обидат со малку поинаква техника, како оваа која ви ја прикажуваме во продолжение.

Всушност, со овој начин на лакирање освен што се помали шансите да го уништите вашиот маникир, значително го заштедувате и вашиот лак. Се што треба да направите е да ги следите инструкциите и да го погледнете примерот во видеото:

1. Нанесете повеќе нијанси на лак за нокти во чашка со ладна вода, и со помош на чепкалка за заби креирајте го вашиот омилен дизајн. Оставете да се исуши околу 15-20 минути.

2. Внимателно извадете ја смесата од водата.

3. Исечете ја на коцки, и нанесете ги на целата должина на вашите нокти.

4. Отстранете го вишокот.

5. Премачајте со безбоен лак и оставете добро да се исуши.

Уживајте во прекрасниот маникир!

- Реклама -