Викендов во Јапонија беше претставен моментално најбрзиот воз познат како Хајабуса кој достигнува брзини од 300 километри на час. Во 2012 брзината ќе биде зголемена за 20 километри на час. Официјаното прво претставување на возот било на петти март.
Хајабуса буквално значи сив сокол, птица грабливка позната по својата брзина, способна да достигне брзини и над 320 километри на час, што значи дека е најбрзото животно на планетава. Тоа е и описот на Хајабуса. Возот изгледа живо со комбинацијата од металик розова, сребрена и доминантната зелена боја. Долгиот нос на возот е обликуван како куршум. Хајабуса двапати дневно патува помеѓу Токио и Аомори, изолирана и слабо населена рурална област на северниот крај на главниот Јапонски остров.
{youtube}kMFEr7GizcU{/youtube}