Унгарскиот министер за надворешни работи Петар Сијарто оценува дека 30 до 35 милиони бегалци се упатуваат кон Европа, и поради тој факт, зајакнувањето
на границите е неопходно.
Сијатро во интервју за унгарскиот „Маџар Идок“ наведува дека Европската Унија постапува врз основа на „лажните извештаи на меѓународните медиуми“
и на Унгарија и е јасно дека ЕУ не може да прими толкав број бегалци.
„Можеме да управуваме со кризата, единствено ако го зајакнеме Шенгенскиот систем“, оценува шефот на унгарската дипломатија.