Нов Android 5.0 ќе видиме во октомври!

На интернет се појави информација дека од сега се подготвува нова верзија на мобилниот оперативниот систем Android 5.0, која ќе го носи името Key Lime Pie.

Иако првично за него се зборуваше дека ќе излезе во март оваа година, тој најверојатно ќе се појави на крајот на октомври и ќе го следи Android 4.3 Jelly Bean во хиерархиски развој. Одложувањето на премиерата на новиот оперативен систем според аналитичарите се должи на тоа дека нема флагмански телефон, кој ќе биде претставен паралелно со него.

Во октомври се очекува конечно да го видиме Motorola X, Nexus 5, a освен него први со Android 5.0 ќе бидат и Galaxy S4 и HTC One Google Edition, како и Xperia Z на Sony, кој исто така ќе стане паметен телефон од оваа серија.

Key Lime Pie ќе биде оптимизиран за работа со широк спектар на уреди, дури и такви со 512MB RAM и практично ќе ги има барањата на Gingerbread Android 2.3 од 2010-та, со што ќе може да се користи и на постарите модели.

Текстот е објавен во соработка со SocialNet.Mk

- Реклама -