Nouvelle Vague во Скопје на 13-ти декември

_nouvelle-2_pФрaнцускиот боса нова колектив "Нувел Ваг" на 13-ти декември ќе има
концерт во Скопје, кој на нивната официјална и MySpace страна е додаден
како последен настап на европската турнеја која им почнува за десетина
дена.


_nouvelle-2Фрaнцускиот боса нова колектив "Нувел Ваг" на 13 декември ќе има концерт во Скопје, кој на нивната официјална и MySpace страна е додаден како последен настап на европската турнеја која им почнува за десетина дена.

"Нувел Ваг" стекнаа огромна слава со само два албуми, првиот насловен "Нувел Ваг" од 2004 и вториот "Бенд а Парт" од 2006. Бендот е формиран од Марк Колин и Оливер Либо и е познат по нивните боса нова преработки на класици од "њувејв" ерата. Досега како гости на нивните албуми користеле секогаш докажани вокали, а така е и на новиот, кој е во подготовка, и за кој се најавува соработка со Скај од Морчиба. Двата досегашни албума дадоа сосема уникатни босанова верзии на класици од бендови како "Депеш Мод", "Клеш", "Џој Дивижн", "Њу Ордер", "Блонди", "Јазу", "Дед Кенедис", "Кјур", "Смитс", "Висаж" и други. виа.

Прочитајте и:  Kонцерт на Стефан Миленковиќ и македонскиот камерен оркестар „Профундис“ Филхармонија

myspace.com/nouvellevague
www.nouvellesvagues.com

- Реклама -