Нострадамус за 2015-та: „Прасето ќе стане брат на човекот“

Пророштвата на големиот Нострадамус го вчудоневидуваат светот со векови. Вистинското име на францускиот астролог е Мишел де Нострадам, а неговиот најпознат труд е „предвидувања“ (Les Propheties).

Првото издание на книгата излегува во 1555 година – 11 години пред неговата смрт. Натписите во неа содржат илјадници предвидувања, од кои многумина се обвистинија буквално векови подоцна.

Според некои руски сајтови за почетокот на 2015 година Нострадамус претскажал настан кој ќе ја промени историјата на човештвото – ќе се роди месија кој ќе спречи апокалипса и ќе ги спаси луѓето од несреќа. Исто така претскажал дека нова религија ќе ги обедини луѓето и ќе стане единствена на Земјата. Необичен настан во средината на годината ќе го сопре светот пред трета светска војна.

Сајтот Mix Top 10 Lists објавува други 10 пророштва на Нострадамус, кои се однесуваат на 2015 година.

1. Јазичните разлики ќе исчезнат

Нострадамус пишува дека по откривањето на она што тој го нарекува “нов мотор”, светот ќе биде “како во деновите пред Вавилон”. Изгледа тој зборува за нешто како универзална преведувачка машина – можеби компјутер. Според него овој развој наскоро ќе стави крај на државите.

2. Мртвите ќе воскреснат

„Недалеку од ерата на новиот милениум, кога нема да има повеќе место во пеколот, мртвите ќе излезат од своите гробови”, предупредил еднаш Нострадамус. Оваа застрашувачка прогноза е во согласност со пророштвата, кои се наоѓаат во Откровението на Јован во Новиот Завет.

3. Светската економија ќе пропадне

Нивните богатства ќе исчезнат и „богатите ќе умираат постојано”, вели Нострадамус. Светската економија е на работ на банкрот од 2009 година.

4. Голема ерупција на вулканот Везув

Моќна ерупција на вулканот Везув во иднина е сигурна … и тоа ќе биде огромна. Ова може да се случи на крајот на 2015 година или почетокот на 2016-та. Веројатно е тоа да се покаже како најсилната ерупција на Везув по 79 година и 1631 година, кога биле регистрирани двете најстрашни ерупции во историјата на вулканот. Ако се случи во текот на денот, засегнатиот регион ќе потоне во целосна темнина. Можно е земјотреси да удираат на секои пет или десет минути пред да тргне ужасниот  поток од лава и пепел, кој ќе убие помеѓу 6000 и 16 000 луѓе.

5. Луѓето ќе живеат до 200 години

Напредокот во медицината ќе го продолжи просечниот животен век до 200 година. 80-годишниот човек ќе изгледа како 50-годишен, вели пророкот.

6. Зрачење ќе го изгори светот

“Кралевите ќе ги ограбат шумите, небото ќе се раствори, полињата ќе бидат изгорени од топлината”, пишува Нострадамус. Ова е предупредување дека уништувањето на дождовните шуми ќе направи дупка во озонската обвивка и ќе ја изложи Земјата на штетната ултравиолетова радијација.

7. Силен земјотрес во западниот дел на САД

Не се наведени точните зборови на Нострадамус, но се претпоставува дека катастрофата може да започне со земјотрес што многу наскоро ќе се претвори во нешто уште пострашно – ерупција на вулкан или во најлош случај на супервулкан. Досега имало две големи ерупции на територијата на САД – на Ласен Пик, кој се наоѓа во Калифорнија, во мај 1915 година и на вулканот Света Елена во државата Вашингтон на 18 мај 1980 година .Силен земјотрес пак го стресе Сиетл во февруари 2001 година.

8. Луѓето ќе научат да зборуваат со животни

Напредокот во науката за телепатија ќе направи можно луѓето да разговараат со своите миленичиња и животните на фармата. Ова ќе доведе до пораст на вегетаријанство, бидејќи, како што пишува Нострадамус “прасето ќе стане брат за човекот”.

9. Сите даноци ќе бидат отстранети во западниот свет

Голем бунт ќе стави крај на секакво оданочување засекогаш. Пророкот пишува: “Луѓето ќе одбијат да плаќаат данок на кралот.”

10. Идните родители ќе бараат дозвола

Деновите кога секој можеше да има бебе, ќе се претворат во минато некаде околу 2015 година, претскажува Нострадамус. Дали тоа нема да биде напор на светот да запре пренаселеноста? Би било премногу драматично, бидејќи децата припаѓаат на родителите, а не на владите.

- Реклама -