Носењето маски на отворено на стенд-бај: ВМРО-ДПМНЕ бара формирање на Специјална комисија за справување со пандемии

Ден откако ВМРО-ДПМНЕ побара да го разгледа Законот за заштита на населението од заразни болести и со тоа го одложи разгледувањето и усвојувањето на измените кои ќе овозможат правна основа за предложените мерки за носење маски и на отворено, ограничено групирање на отворено и ограничување на семејните собири, ВМРО-ДПМНЕ предлага формирање на специјална Комисија за справување со корона-пандемијата, објави „Сител“.

Според предлогот, оваа комисија би претставувала независно тело кое, покрај со актуелната, би се справувало и со сите други евентуални идни епидемии или пандемии, а би требало да биде составено по предлог на Владата, но избрано од Собранието.

Според информациите на „Сител“, во предлогот се бара комисијата да биде составена од 11 членови, од кои двајца се постојани – носителите на функциите министер за здравство и директор на Центарот за управување со кризи. Останатите членови се: 3 инфектолози, 2 епидемиолози, 2 микробиолози, 1 имунолог и 1 интернист.

Прочитајте и:  СДСМ: Новата сила и енергијата на Конгресот ја вознемири ДПМНЕ

Комисијата одлуките би ги носела со мнозинство гласови од членовите, а препораките кои би ги давала би биле задолжителни за државните органи.

Според ВМРО-ДПМНЕ, мандатот на комисијата треба да трае до изминување на 6 месеци по завршувањето на епидемијата или пандемијата, а надоместокот за кој ќе работат нејзините членови да го одредува Владата.

- Реклама -