Норвешка телевизија најави дека планираат да вршат жив пренос од плетење! Настанот е обид да се постави светски рекорд во брзо плетење, а го опфаќа периодот „од овца до сплетен џемпер“. Норвешката телевизија планира да одвои дури 5 часа на овој подвиг и дополнителни воведни 4 часа во шоуто.
NRK Network вели дека преносот на 1 Ноември ќе следи по 4-часовниот документарец кој зборува за тоа како „волната од овца станува џемпер“. Исто така, NRK соопштува дека шоуто ќе биде како и секоја друга регуларна ТВ програма, само многу побавно, иако учесничките ќе плетат најбрзо што можат.
Минимумот од 5 часа е неопходен, бидејќи претходниот рекорд е 4 часа и 51 минута непрекинато плетење. Едно е сигурно, ќе има многу баби, многу волна, многу чворови и многу дремење.