Норвешката полиција уапси четворица Руси, фотографирале заштитени објекти

Осло, 17 октомври 2022 (МИА) – Норвешката полиција приведе четворица руски државјани откако фотографирале заштитени објекти во северната провинција Нордланд, јавија денеска локалните медиуми.

Полицијата привела тројца мажи и една жена, додека вршеле проверка и претрес на автомобил со руски регистарски таблички.

Полицајците тогаш ги пронашле нивните камери со фотографии од спорните објекти.

Приведените пријавиле дека во Норвешка пристигнале како туристи.

Окружниот суд во Хелгеланд на осомничените им одреди седумдневен притвор.

Не е соопштено кои објекти се фотографирани.

Норвешка ја засили својата безбедносна политика во последниве недели по извештаите за неидентификувани летови на дронови во близина на нејзината енергетска инфраструктура.

Прочитајте и:  Доналд Трамп помладиот: Воено-индустрискиот комплекс сака да почне Трета светска војна пред татко ми да стапи на функција
- Реклама -